Лени Кравиц го издаде својот нов албум

Лени Кравиц, талентираната  рок икона, се враќа со својот најнов албум, “Blue Electric Light,” албум кој ветува дека ќе ги плени слушателите со својата мешавина од  мелодии, моќни текстови и препознатливиот звук на Кравиц. Познат по својата способност да ги надмине музичките жанрови, Кравиц повторно ја докажува својата умешност како уметник кој постојано еволуира, но останува верен на своите корени.

Лени Кравиц го прослави својот 60-ти роденден на 24 мај 2024 во градот на љубовта, Париз.

Ѕвездата добитник на Греми, исто така, го издаде и својот многу очекуван музички албум, Blue Electric Light, истиот ден и одржа роденденска забава на која присуствуваа познати ѕвезди од светот на музиката.

Уметникот, кој  наполни 60 години на 26 мај, ја започнал прославата со вечера, која потоа беше проследена со афтер забава на која диџеј Рукус беше поканет да спинува мелодии за вечерта, како што откри извор.

Кравиц исто така бил домаќин на вечера опкружен со неговото најблиско семејство и пријатели.Присутни беа блиските пријатели и неговото семејството, поранешната сопруга на музичката икона, Лиза Бонет, нивната ќерка Зои Кравиц, Наоми Кембел, Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, Паулета Вашингтон и нејзиниот син Џон Дејвид, Крис Рок, Лоренс Фишбурн. , Колман Доминго и Мариса Томеи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни