Леклер: Сајнц не е моја девојка

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, зборуваше за врската со Карлос Сајнц кој ја напушти Скудерија. Леклер дојде на прошталниот настан што тимот го организираше за Карлос Сајнц.

Моначанецот беше замолен да коментира за тоа како би било да се вози со различен тимски колега и дали ќе му недостига Сајнц, со кого заедно се тркаа за Ферари четири години.

– Од една страна, нема да ми недостига многу – на крајот на краиштата, ние сè уште ќе бидеме во исто натпреварување, буквално на 20 метри едни од други. А, како што веќе му кажав на Фредерик Васер, Карлос не ми е девојка. Но, да, јас и Карлос имаме добри односи и сигурен сум дека ќе продолжиме да поминуваме доста време заедно. Имаме добри односи и нема тоа да исчезне, рече Леклер.

Сајнц и Ферари пред неколку дена соопштија дека следната сезона нема да соработуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни