Лекарите се борат за животот на тешко повредената стјуардесата Вања Вицентијевиќ, во авионската несреќа во Торонто

Како што пренесуваат медиумите, при слетувањето на авионот, реброто ѝ го пробило белодробното крило на стујардесата и таа се наоѓа во состојба на медицински шок.

Меѓу 18- те лица кои се повредени при превртувањето на авион на американската компанија „Делта Ерлајнс” на аеродромот „Пирсон” во Торонто, е и државјанка од Србија, стјуардесата Вања Вицентијевиќ (32), потврди нејзиното семејство.

Како што пренесуваат медиумите, при слетувањето на авионот, реброто ѝ го пробило белодробното крило на стујардесата и таа се наоѓа во состојба на медицински шок.

Несреќата се случи во понеделникот, неколку минути пред 15:00 часот по локално време, кога авионот при слетување се излизгал по пистата, се запалил и се превртел. Не е јасно што го предизвикало инцидентот, но се шпекулира дека несреќата можеби била предизвикана од лоши временски услови. Исто така, постои можност авионот пред слетување удрил во нешто. Канадските власти започнале истрага за инцидентот и апелираат да не се шират непроверени информации.

Повеќето патници доживеале полесни повреди, додека само неколку се потешко повредени, потврдиле канадските власти. Меѓу повредените е и едно дете, кое е во добро состојба, објавиле официјалните лица од болницата.

Нереќата на канадскиот меѓународен аеродром е четврта по ред која се случи во Северна Америка во последниот месец. Во сударот на авион на компанијата “Американ Ерлајнс” со воен хеликоптер “Црн јастреб” во близина на аеродромот Вашингтон, двете летала завршиле во вода. Тогаш животите ги загубиле сите 67 луѓе. Потоа, на 1 февруари се случил пад на медицински транспортен авион во Филаделфија, при што загинале седум луѓе. Пет дена подоцна, сите десет патници загинале кога мал авион се срушил на Аљаска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни