Лекарите се борат за живот на повредените во Нови Сад, се уште никој не презеде одговорност за несреќата

Состојбата на повредените во сообраќајката во Нови Сад е многу сериозна, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и изјави дека во саботата биле сослушани 26 лица во врска со несреќата, а денеска ќе бидат сослушани уште пет.

Утрово е многу мирно пред местото на несреќата, јавува репортерот на N1 од Нови Сад. Повредените, потсетува таа, вчера биле повторно оперирани, а операциите им биле долги и тешки и барале големи количества крв, која, како што велат, засега ја имаат во изобилство во Нови Сад.

Но, апелот се уште трае секој што сака да помогне и да дарува крв, тоа да го направи во Заводот за трансфузија.

И министерот за градежништво Горан Весиќ вчера даде исказ пред судот во својство на граѓанин, а јавноста сега очекува главниот јавен обвинител на Вишото обвинителство во Нови Сад, Бранислав Лепотиќ, секојдневно да објавува како напредува истрагата.

Стручни лица од Машинскиот факултет вчера беа на местото на несреќата, од каде што зеле примерок од челик од арматурата. Тие треба да утврдат колкав бил отпорот и заморот на материјалот.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, синоќа изрази надеж за преживување на тројцата тешко повредени, сместени во Клиничкиот центар Војводина, и нагласи дека ќе се чекаат резултатите од увидот на стручните органи за да се добие целосна слика за несреќата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни