Лекарите предупредуваат – три популарни пијалаци ги затнуваат артериите

Експертите нагласуваат колку е важно внимателно да избираме што пиеме за да го заштитиме срцето

Кога размислуваме за здравјето, храната најчесто ни паѓа прва на ум. Но, пијалаците што ги консумираме се исто толку важни за нашата добросостојба, особено за здравјето на срцето. Иако има многу напитоци што позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем, постојат и такви кои можат да им наштетат на артериите и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Експертите нагласуваат колку е важно внимателно да избираме што пиеме за да го заштитиме срцето.

Купечки овошни смутиња
Многумина не се свесни дека комерцијалните смути пијалаци често се полни со додаден шеќер. „Некои смутиња со висок процент на шеќер можат да придонесат за воспалителни процеси, инсулинска резистенција и оштетување на артериите“, предупредува нутриционистката Кетрин Гервацио за SheFinds.

Исто така, редовната консумација на вакви пијалаци може да доведе до дебелеење, бидејќи некои содржат и до 390 калории. Гервацио советува дека е подобро да се подготвуваат смутиња дома, користејќи цело овошје, зеленчук и млечни производи без додаден шеќер.

Енергетски пијалаци
Иако повремена доза на кофеин понекогаш е потребна, енергетските пијалаци полни со шеќер и кофеин можат да му наштетат на срцето. „Енергетските пијалаци често содржат кофеин и шеќер кои можат да го зголемат крвниот притисок и да придонесат за вкочанетост на артериите“, објаснува Гервацио. Кофеинот може привремено да го зголеми притисокот преку стимулирање на адреналинот, додека вишокот шеќер води до нарушување на рамнотежата на мастите во крвта, што дополнително го оптоварува срцето. Наместо нив, се препорачува зелен чај или црна кафе – секако, во умерени количини.

Алкохол
Иако алкохолот е често социјално прифатен, тој има многу негативно влијание врз телото. „Алкохолот е токсичен за секоја клетка во нашето тело“, вели кардиохирургот д-р Џереми Лондон. Дури и умерената консумација може да го зголеми ризикот од аритмии, висок крвен притисок и срцеви заболувања. Лекарот д-р Олалекан Отулана предупредува дека алкохолот може да го зголеми притисокот, да предизвика воспаление и да ја наруши рамнотежата на холестеролот, со што сериозно ги оштетува артериите при долготрајна употреба. Најдобро е да се ограничи внесот на алкохол или целосно да се исклучи доколку сакаме да го зачуваме здравјето на срцето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни