Меѓународната група за медицинска помош, позната и по своето француско име Лекари без граници и акроним MSF го напушти суданскиот камп Замзам којшто е погоден од глад. Поради ескалација на нападите и борбите меѓу суданската војска и нејзината ривалска паравоена единица, Doctors Without Borders ја прекина помошта за 500 илјади луѓе.
Во нивното соопштение се вели дека во кампот, кој се наоѓа во Северен Дарфур, се интензивирале силите за брза поддршка.
,,Ескалацијата направи да биде „невозможно“ групата да обезбеди хуманитарна помош за спасување на илјадници раселени лица”, се вели во соопштението, додавајќи дека организацијага ги прекинала сите активности во Замзам, вклучително и во нејзината теренска болница.

„Запирањето на нашиот проект среде влошената катастрофа во Замзам е потресна одлука“, рече Јахја Калила, шефица на мисијата на групата во Судан.
Според Калила насилството, големите потешкотии во испраќањето залихи, справувањето со „неможноста“ за испраќање искусен персонал и неизвесноста околу маршрутите надвор од кампот, на ,,Лекари без граници” им оставија „мал избор“.
Инаку, Судан западна во граѓанска војна во април 2023 година кога избија борби меѓу војската и РСФ. Во конфликтот загинаа повеќе од 24.000 луѓе, над 14 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, а конфликтот предизвика и глад во различни делови на земјата.

Според Лекари без граници, борбите во Замзам се засилиле кон средината на февруари. Во теренската болница биле примени 130 ранети пациенти, од кои повеќето настрадале од прострелни рани и шрапнели.
,,Многу луѓе, вклучително и пациенти на кои им е потребна операција или итен царски рез, се заробени во Замзам“, заклучува Јахја Калила, шефица на мисијата на групата во Судан.