Оперативната добивка на данскиот производител на играчки пораснала за 10%, изнесувајќи 18,7 милијарди круни (околу 2,5 милијарди евра), и покрај зголемените инвестиции во изградба на нови фабрики, вклучувајќи ги САД и Виетнам.
Најголема побарувачка имале големите сетови LEGO Technic и LEGO City, како и игрите инспирирани од Хари Потер и Војна на ѕвездите.
Компанијата продолжува со инвестиции во поодржливи материјали, а една третина од компонентите на LEGO коцките сега доаѓаат од обновливи извори.
Групацијата планира да отвори повеќе од 80 нови продавници во текот на 2025 година, иако затвори дел од нив во Кина, фокусирајќи се на поголемите градови.