Легендарниот југословенски киоск ќе добие свое LEGO издание?

Култниот црвен киоск К67 е еден од дизајнерските симболи на социјалистичка Југославија. Таму се продаваа весници и цигари, а некои продаваа цвеќиња или брза храна. Патентиран е во 1967 година од словенечкиот архитект Саша Јанез Мехтиг, но наскоро би можел да се појави во сосема нова верзија – направена од LEGO коцки.

Белградскиот архитект Никола Опачиќ дошол на идеја да го претстави легендарниот црвен киоск во ново руво. Инаку, LEGO има официјална платформа за предлагање нови идеи на својата официјална веб-страница – LEGO IDEAS, па Никола предложи своја. Вака сето тоа го замисли Никола:

„Во мојата соба исполнета со коцки, внимателно составив различни парчиња LEGO за да ја направам мојата сопствена верзија на Киоск K67. Мојата креација ја комбинира мојата страст за цигли и моето наследство да сум роден во Југославија. Убавината на LEGO е тоа што (ре ) изгради што сакаш. За некои тоа може да се измислени суштества и светови, за мене тоа е Киоск K67“, пишува на страницата.

Тој создаде два различни киосци
Никола наведува дека овој киоск е симбол на заедницата и припадноста. „Денеска држејќи ја ЛЕГО верзијата на Киоск К67 во раце, за мене пред се е временска капсула која ме враќа во времето кога сум роден, во мојата младост и во времето на мојот прв бакнеж“, продолжува тој.

Создаде два киосци – белиот е наменет за киоск за весници, а црвениот за место за брза храна. „Додека градев, ги замислував приказните што може да ги раскаже овој мал киоск… Во овој случај, ќе раскажува приказни за обични луѓе кои поминуваат, купуваат весници, пушат цигара или зборуваат. Но, тоа може да биде и преработка на познатата верзија која сè уште стои во MOMA во Њујорк“, пишува на страницата.

Како што наведува, уживал во составувањето на овој комплет LEGO коцки. „Киоскот К67 стана симбол на безграничната креативност на југословенската архитектура и индустриското производство, потсетник дека и наједноставните работи можат да инспирираат неверојатни приказни“, заклучува тој.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни