Се спушта леден зимски бран: Подгответе се за екстремни температури!

По влажниот и ладен бран од север кој викендов донесе дожд, снег, ветер, како и зголемување на снежната покривка на планините, од утре поради разведрувањето, не чекаат многу постудени зимски денови и минусни температури кои ќе се спуштат и под нулата.

Утрото ќе биде значително постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, а на планинските и на повисоките места тие се очекува да се спуштат и под -10 степени.

Во Скопскиот регион температурата ќе се спушти само за некој степен под нулата, што значи Скопје ќе биде еден од градовите со повисока температура во понеделник наутро.

Сепак, преку ден во понеделник ќе остане сончево, но и значително поладно а ќе засилува  и ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.

Максималните дневни температури во понеделник во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели. Во Скопје максималната дневна температура во понеделник ќе се искачи до околу 9 степени.

Големиот влажен бран најмногу врнежи од снег донесе во западната половина од Македонија, па на Попова Шапка снежната покривка изнесува 40 сантиметри, во Маврово 28 сантиметри, Крушево 4 сантиметри и во Лазарополе 1 сантиметар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни