Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ упати апел до сите учесници во сообраќајот да не тргнуваат на пат без итна потреба и да бидат особено внимателни во ноќта меѓу сабота и недела.
Според предупредувањето на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во ноќта меѓу сабота и недела (3 и 4 јануари) се очекуваат врнежи од дожд кои ќе замрзнуваат на тлото, додека во северните и источните делови на Србија се најавува пообилен снег.
„Апелираме до возачите да не тргнуваат на пат без итна потреба, а доколку сепак патуваат, задолжително да имаат зимска опрема и синџири, како и строго да ги почитуваат ограничувањата на брзината“, соопштија од „Патишта на Србија“.
Воедно информираат дека сите информации за состојбата на државните патишта се достапни на официјалната интернет-страница на ЈП „Патишта на Србија“.
