Еден од најдобрите кошаркари во историјата, LeBron James, изјави дека сè уште не знае дали ќе ја продолжи кариерата и следната сезона. Ѕвездата на Los Angeles Lakers во моментов ја игра својата 23-та сезона во NBA и повторно е во центарот на вниманието на кошаркарската јавност.
За време на Ол-стар викендот во Лос Анџелес, најчестото прашање до 41-годишниот ас беше поврзано со неговата иднина. Тој кратко одговори дека во моментов нема конечна одлука и дека јавноста ќе дознае кога и самиот ќе биде сигурен во својата одлука.
Џејмс оваа сезона ја игра последната година од договорот со Лејкерс, вреден 52,6 милиони долари. Сепак, неговиот фокус останува целосно насочен кон актуелната сезона, со јасна цел – пласман во плејофот и борба за шампионската титула. Тој нагласи дека здравјето на тимот е клучниот предуслов за сериозен резултат.