Ле Пен и француските десничари завршија на суд за проневера на седум милиони евра

Судењето на Марин Ле Пен и други француски десничари, обвинети за незаконско присвојување средства за лажни функционери во Европскиот парламент започнува денеска пред судот во Париз.
Фото: © European Union 2016 - European Parliament

Покрај долгогодишната лидерка на Националното собрание, Марин Ле Пен, еден од 28-те обвинети за проневера е и нејзиниот татко и основач на партијата Жан Мари Ле Пен.

Од самиот почеток, Марин Ле Пен ги негираше наводите за проневера кои се однесуваат на периодот меѓу 2004 и 2016 година, а се однесуваат на Националното собрание и поранешните избрани функционери и помошници.

На обвинетите им се суди за лажно вработување на асистенти на неколку француски претставници во Европскиот парламент.

Според обвинителството, Ле Пен и нејзините колеги од партиите „Национален фронт“ и „Национален собир“ користеле пари наменети за плаќање помошници на претставниците во Европскиот парламент за да им платат на луѓето кои извршувале работа за партијата во Франција.

Во случајот наводно станува збор за сума од речиси седум милиони евра.

Ле Пен пред една година му врати на Европскиот парламент 330.000 евра, додека нејзината партија нагласи дека тоа не е признавање на погрешно дело.

Аферата со години е темна сенка која ја следи Ле Пен и нејзината партија.

Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со високи парични казни или до 10 години затвор.

Исто така, доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите би можеле да добијат забрана за вршење јавна функција во рок од пет години, што би можело да ја спречи кандидатурата на Ле Пен на следните претседателски избори во 2027 година.

Извор: Мондо

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни