„Всушност зборуваме за тоа да одиме кај матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна“, рече Гага. „Но, знаејќи ме, може да стане како циркус со еднорози“, додаде таа на шега.
Гага, која беше во шоуто за да го промовира својот нов филм Joker: Folie à Deux, го опиша романтичното запросување на нејзиниот партнер. „Тој ме запроси веднаш по мојот роденден“, откри таа. Гага потоа сподели дека Полански ѝ приредил прекрасна роденденска вечера, а потоа отишле на качување по карпи. „Навистина? Се качуваш по карпи“ – праша Кимел. „Па, сега се качувам“, рече Гага.
„Тој не ме запроси на врвот. Се качивме на врвот, се сликавме и потоа се вративме во собата”, рекла таа. Таа рече дека пред да го постави прашањето сакал да знае дали воопшто е во ред да да ја праша.
„Тој сакаше да знае дали е во ред да се запроси. Јас реков: ‘Да!’ Имаше прстен во ранецот, па тоа беше многу слатко“, рече таа.
Да потсетиме дека пејачката откри дека Полански ја запросил во април. За нивната свршувачка се шушкаше некое време. Лејди Гага го нарече вереник кога го запозна францускиот премиер Габриел Атал, а подоцна во неколку наврати беше фотографирана со вереничкиот прстен.