Лејди Гага го објави албумот „Harlequin“ со песни инспирирани од нејзината улога во „Џокер“

Лејди Гага го објави својот нов албум насловен „Harlequin“ кој се состои од песни инспирирани од нејзиниот лик во претстојниот филм „Joker: Folie À Deux“, во кој глуми заедно со Хоакин Феникс.

Поголемиот дел од песните на албумот се препеви на класични американски саунтрак песни како „Get Happy“, „That’s Life“ и „That’s Entertainment“, но има и неколку оригинални Лејди Гага песни.

Стилот на „Harlequin“ потсетува на двата албуми кои Лејди Гага ги сними со покојниот Тони Бенет „Cheek to Cheek“ и „Love for Sale“, иако овде песните се изведуваат и со рок и со џез инструментација.

Лејди Гага изминатата недела со билборди го најавуваше својот нов албум на кој пишуваше „LG 6.5“ што навестува дека „Harlequin“ е само најава за нејзиниот следен, седми, студиски албум.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни