
„Ќе продолжиме да работиме кон постигнување договор до 1 август. Истовремено, подготвени сме да ги заштитиме интересите на ЕУ врз основа на пропорционални противмерки“ додаде таа.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска воведе царини од 30 отсто на увозот од Европската унија, кои ќе стапат во сила од 1 август.
Новите царини се објавени во писмо што Трамп го објави на социјалната мрежа Трут Соушл.