„Студентите и младите се секогаш во право! Денеска го спасуваат достоинството на Србија. Со нив ќе бидеме и на нашите концерти во Дом на млади на 8 и 9 март. Да ја направиме Србија повторно голема“ напишаа од Лајбах на социјалните мрежи.
Во Србија во моментов се случуваат едни од најголемите студентски протести во историјата за кои поддршка дадоа голем број јавни личности од Србија, но и од целиот реигон.