Водителот, Стефан Лазаров, и еко активистот Филип Ѓоргиев „Кеса на десет“, ги поканија скопјани да се приклучат на големата еколошка акција во недела, за да се исчисти ѓубрето на две локации во Скопје.
„Да се соединиме и да го исчистиме целиот кеј на реката Вардар во Скопје…Почнуваме од 2 локации во 09:00 часот во недела (24.08)! Првата локациа е населбата Ново Лисиче кај мостот под Хилтон и втората локација е кај мостот Обединети нации во Влае. Донесете си кеси, ракавици, маски, вода и позитивна енергија. Ајде да направиме почист и поубав град“, порачаа Лазаров и Ѓоргиев.