Лазар Христов е добитник на наградата за „Најдобра машка улога во студентска селекција“ на ИНТЕФ во Шабац, Србија

„ИНТЕФ“ е студентски и младински театарски фестивал кој од се одржува од 2019 година во Културен дом Мишар каде учествуваат драмски академии и екипи од регионот.

Актерот на Драмски театар Скопје, Лазар Христов, е добитник на наградата за „Најдобра машка улога во студентска селекција“ од стручното жири на „Интернационални театарски фестивал – ИНТЕФ“ во Шабац, Србија, за улогата на Андреј Ботвиник во претставата „Се случи еднаш во Женева“.

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ на 20.8.2024 учествуваше на петтото издание на „ИНТЕФ“.

„ИНТЕФ“ е студентски и младински театарски фестивал кој од се одржува од 2019 година во Културен дом Мишар каде учествуваат драмски академии и екипи од регионот.

„Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е хипотетична интерпретација на вистински настан од 1982 год., кога Американски и Советски дипломат во Женева ги занемариле протоколите за време на мировни договори и заминале на прошетка во шума на периферијата на градот. Во претставата присуствуваме на четири вакви приватни средби за време на првата година од преговорите откако Џоун Ханимен е испратена во Женева, додека се обидува да испреговара договор за кратења во нуклеарно оружје со нејзиниот постар соработник Андреј Ботвиник. Затекнати во различен момент од нивните животи и кариери, нивната конфронтација се сведува на искуството на Ботвиник и амбицијата на Ханимен.

„Се случи еднаш во Женева“ е во режија на Кристијан Атанасов, а играат Лазар Христов и Јана Вељановска

Најново

Последни колумни