Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го изјави ова два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп ги прими украинскиот претседател и европските лидери за разговори за гаранциите за безбедноста на Украина, што би можело да помогне во завршувањето на војната.
„Не можеме да се согласиме со фактот дека сега се предлага да се решаваат прашањата поврзани со безбедноста, колективната безбедност, без Руската Федерација. Ова нема да функционира“, рече Лавров.
„Постојано објаснувавме дека Русија не ги преувеличува своите интереси, но ние цврсто и решително ќе ги браниме нашите легитимни интереси. И сигурен сум дека на Запад, а пред сè во Соединетите Американски Држави, тие совршено добро разбираат дека сериозната дискусија за безбедносните прашања без Руската Федерација е утопија, пат за никаде“, додаде Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи, исто така, рече дека Москва е подготвена да води преговори во кој било формат и да го подигне нивото на делегациите во преговорите, но секоја средба меѓу рускиот и украинскиот лидер треба да биде кулминација на таквите преговори и треба внимателно да се подготвува.