Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека одговорот на Русија на каков било напад ќе биде „разорен“, упатувајќи јасна порака до европските политички лидери. Во интервју со кое ја заокружи 2025 година, Лавров нагласи дека ова предупредување мора повторно да се истакне „за оние кои не разбираат“, пренесе руската државна агенција ТАСС.
„За политичарите во Европа кои не разбираат, и на кои, се надевам, ќе им го покажат ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого“, изјави Лавров.
Тој, сепак, веднаш додаде дека секој напад врз Русија ќе предизвика жесток и разорен одговор. „Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде разорен“, рече шефот на руската дипломатија.
Порака од највисоко ниво
Лавров потсети дека ваквиот став повеќепати јавно го изнел и рускиот претседател Владимир Путин. Путин претходно најави дека доколку дојде до напад со далекуметно западно оружје длабоко во територијата на Руската Федерација, ќе следи, како што рече, „запрепастувачки одговор“.
Рускиот претседател уште во 2023 година изјави дека одговорот на Русија би бил „апсолутно неприфатлив за кој било потенцијален агресор“. Тој тогаш појасни дека од моментот на откривање на лансирање ракети, без разлика од каде доаѓа нападот – од светските океани или од копно – ќе следи масовен противудар со стотици ракети, на повеќе правци истовремено.
