Laurant Coulondre вечерва го отвара осмото издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Од 21 часот е настапот на Corey Wilcox и WORKING CLASS HEROES, (Соединети Американски Држави). Wilcox е мултиинструменталист со неверојатна техничка вештина и музичка разновидност. Како долгого- дишен член на Jazz At Lincoln Center Orchestra, настапувал на светски сцени како Carnegie Hall и Newport Jazz Festival

Годинешното 8 по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 17-ти до 19-ти Април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови.

Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20:00ч во Народниот театар во Битола со настапот на Laurant Coulondre (Француската Република). Тој е врвен француски џез пијанист, познат по својот иновативен пристап кон музиката. Добитник е на неколку престижни награди и соработувал со истакнати џез уметници како Paul Jackson и Pierre de Bethmann. Од 21 часот е настапот на Corey Wilcox и WORKING CLASS HEROES, (Соединети Американски Држави). Wilcox е мултиинструменталист со неверојатна техничка вештина и музичка разновидност. Како долгого- дишен член на Jazz At Lincoln Center Orchestra, настапувал на светски сцени како Carnegie Hall и Newport Jazz Festival.

„Ние почнавме во 2011 година и ако изброиме се повеќе од 14 години, со работилниците Jazz Factory for Kids, кои во 2018 година прераснаа во фестивалот кој што денес го живееме.  Инаку на стартот, јас морам да се заблагодарам на Народниот театар, кои се наши партнери во реализација на овој проект, Општина Битола се разбира, бидејќи под нивна патронажа се реализира фестивалот, Центарот за култура, каде што сме во моментот и се разбира Мистерството за култура. Инаку ние, секоја година се трудиме максимум со нашите средства, да стигнеме до програма која што ќе ги заинтересира пред себе жителите на Пелагонискиот регион“, истакна на самиот почеток директорот и основачот на фестивалот Сашо Поповски.

Пред самата прес конференција компанијата МИНТ на фестивалот подари контрабас.

„Ние имавме, навистина, голем проблем, затоа што во Битола многу беше тешко да се најде, да се изнајми контрабас и веќе две години се обидувавме да купиме контрабас, затоа што контрабасот е срцето на секој џез бенд. Не успеваме, но за среќа, благодарност голема до компанијата, МИНТ, што имаа разбирање и ни подарија контрабас“, додава Поповски.

Оваа година во програмата е и Џез работилницата за деца, што е од исклучително значење за едукација на младите и создавање џез публика.

„Младите треба да се запознаат дека постои малку поразлична музика од таа што им се сервира секој ден и дека музиката од цртаните филмови може да биде изведувана во живо на инструменти. Создавањето на публика не зависи само од фестивалот, потребно е да се има сериозен џез клуб во Битола, нешто што долги години ние го немаме и мислам дека тој дисбаланс кој што се јавува во моментов е токму поради тоа што сега уште немаме сериозен џез клуб во градот, па можеби сето ова ќе поттикне некого за постоење на истиот.

Ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“, која се доделува во чест на еден од најзначајните македонски џез музичари. Таа има за цел да поддржи и инспирира нови генерации џез артисти.

„ Јас ги познавам тие млади луѓе како професор и имаат многу јак импакт во џез сцената во моментот.  Теодор е едно многу талентирано момче кој е дипломец и има многу светла иднина пред него, и ние со оваа награда би сакале да ги засилиме тие негови аспирации. Тој е човек кој ја сака премногу џез музиката, така што ние од се срце му посакуваме се најдобро. Наградата ја доделуваме секоја година во соработка со општина Битола и го носи името на битолчанецот Гоце Димитровски. За првпат од оова година, наградата нема да биде само диплома или сертификат, ние ќе го испратиме Теодор на 7-9 дневен мастер клас на Нишвил фестивалот, така што тој ќе биде дел од една програма која ја поврзува Битола со Франција и со регионалните џез фестивали, а каде што ќе има можност да се дружи, да соработува со млади музичари од Франција, Црна Гора,  Албанија, Косово и Србија, и да свири концерт во рамките на овогодинешниот Нишки џез.

Џез фестивалите се делат на три категории.

„ Ние влегуваме во средната категорија, по бројот на продадени влезници, од 200- 500 луѓе во пубика. Фестивалите функционираат во заедница со асоцијации кои имаат сопствени клубови, затоа истакнувам дека таа битна клетка за да се развива џезот е постоењето на клуб. Ние секогаш во рамките на нашите можности ќе донесеме изведувачи од најдобрите категории. Постоењето на еден џез клуб во Битола, многу побрзо ќе ја олесни работата и ќе имаме млада публика, а тука е и отварањето на џез радио станица како што е џез фм во Скопје. Тука важен елемент се и медиумите, промоцијата на еден правец како џезот создава публика.

Џезот во образованието е исто така од клучно значење за развивање на џез сцената.

„Нашиот оддел во Штип пред 10, 11 години предложи изборни предмети по џез во трета и четврта година во средните музички училишта да се изучуваат, за жал тој предлог сеуште стои во фиока. Треба џез музичар, професор да ги предава тие предмети, а за тие професори има сеуште затворени врати. Мислам дека отворањето на вакви насоки во средните музички училишта ќе доведе до зголемување на бројот на учениците, бенефит имаат и училиштата со самото тоа. Тоа е нешто што ние во наредните 5 години ќе се трудиме да го има“.

На 18 ти, во 11 часот следува претставување на книгата на Ненад Георгиевски, Press and play, книга која ја истражува македонската музичка сцена. Веќе во 12 часот во Битолскиот театар е работилницата на светски познатата саксофонистка Swantje Lampert од Австрија. Концертната програма започнува во 20 часот со настапот на Триото на пијанистот Jaume Miquel од Кралството Шпанија. Од 21 часот следува настапот на саксофонистката и композиторка Swantje Lampert. Од 22 часот во Паб Бурбон Стрит Битола , настапува квартетот на Јован Цветковиќ од Македонија. На 19 ти, концертната програма започнува со битолчаните КОД 369, следува настапот на JFF Little Big Band, диригент Тони Китановскиод Македонија.

На 19 Април, од 10:00ч во соработка со Здружението Пелагонија следува Годишна конференција на Асоцијацијата на џез фестивали, со цел размена на искуства и поддршка на европскиот џез. Оваа платформа создава нови можности за уметници, организатори и публика. Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители. Фестивалот се организира под патронажа на Општина Битола и партнерство со НУ Народен Театар Битола, а со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола, како иФранцускиот Институт од Скопје, Амбасадата на Шпанија, и Делегацијата на Европската Унија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни