Лаура Ковеши и Јавното обвинителство на ЕУ водат истрага за случајот со паѓањето на настрешницата во Нови Сад

За да не се загрози исходот на оваа истрага, не можат да се објават дополнителни детали. ЕППО мора да одлучи за спроведување на својата надлежност кога е извршена измама во врска со средствата на ЕУ доделени на земји надвор од ЕУ или на земји-членки кои не учествуваат

Европското јавно обвинителство, на чие чело е Лаура Ковеши, по претходни прашања на Nova.rs, соопшти за овој портал дека поради големиот интерес на јавноста потврдуваат дека е во тек истрага за можни злоупотреби на ЕУ фондови поврзани со Железничката станица во Нови Сад.

„За да не се загрози исходот на оваа истрага, не можат да се објават дополнителни детали. ЕППО мора да одлучи за спроведување на својата надлежност кога е извршена измама во врска со средствата на ЕУ доделени на земји надвор од ЕУ или на земји-членки кои не учествуваат.


Имајќи предвид дека штетата за финансиските интереси на Унијата е составен дел од кривично дело измама, кога таа штета ќе се случи во Белгија или Луксембург (бидејќи од таму се исплаќаат средствата, каде што се наоѓаат институциите на ЕУ), постои надлежност на тие земји-членки, а со тоа и надлежност на ЕППО, без оглед на тоа каде се случила акцијата, односно на територијата на трета земја)“, пишува во дописот од Европското обвинителство.

Оваа информација дополнително ја потврди и Тина Холевот, портпарол на Европското јавно обвинителство во разговор за Nova.rs, пренесува порталот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни