Латвија ја заврши оградата на границата со Русија долга 280 километри

Латвија ја заврши изградбата на ограда со бодликава жица на границата со Русија, со цел зајакнување на националната и европската безбедност.

Латвија ја заврши изградбата на ограда долга 280 километри, поставена со бодликава жица долж источната граница со Русија, соопшти денес латвиската агенција за управување со државниот имот.

Министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис изјави дека оградата претставува „значаен придонес за безбедноста на населението на Латвија и на целата држава“, потсетувајќи дека слична ограда беше завршена и во 2024 година на границата со Белорусија.

Планови за дополнителна заштита на границата

Латвија планира до крајот на 2026 година да постави дополнителна инфраструктура и современи системи за надзор долж границите со Белорусија и Русија.

„Нашата главна цел е воспоставување на најмодерна заштита на источната граница на Европската унија“, изјави министерот, според официјалното соопштение.

Латвија започна со зајакнување на границите со Русија и Белорусија по руската инвазија врз Украина, оценувајќи дека војната претставува сериозна закана за националната безбедност.

Заедно со Литванија и Естонија, Латвија планира поставување на тенковски бариери и бетонски блокови долж границите со Русија и Белорусија, со цел заштита од можни воени или безбедносни закани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни