„Латински цитати, изреки и фрази“ во издание на Или – Или

Деновиве излезе од печат „Латински цитати, изреки и фрази“, како четврта книга во едицијата АРГО на ИЛИ-ИЛИ.

Предговорот, изборот, преводот од латински и коментарите се на Светлана Кочовска Стевовиќ.

Збирките со латински цитати во националните култури имаат посебен статус и повеќевековна традиција. Нивната бројност во светот е одраз на свеста на креаторите на културните политики за тоа дека збирките со латински цитати, поговорки и фразеолошки изрази се од капитално значење во националната култура на една земја, пред сѐ, поради фактот што многу од одредниците од коишто се состојат овие збирки, и покрај тоа што се создадени пред многу векови, и ден-денес се присутни во многу сфери од современата стварност.

„Латински цитати, изреки и фрази“ е збирка од нешто помалку од 5 000
латински цитати, изреки, фрази, правни максими, девизи на поединци или
групи, здравствени препораки, хералдички гесла и други куси латински изрази
од различна провениенција. Најбројни се цитатите од римската книжевност, од
латинскиот превод на Библијата (Vulgata) и од некои подоцнежни дела. Поради
широкиот опсег на употреба многу од овие цитати стекнале статус на
поговорки. Одраз на нивната огромна популарност низ вековите е влијанието
што го извршиле врз фразеолошкиот фонд и врз паремиската граѓа на
современите јазици. Многу од овие цитати, изрази и фрази и денес се присутни
во книжевноста, журналистиката, јавниот дискурс и популарната култура.
Единиците што се поместени во збирката „Латински цитати, изреки и фрази“ се
подредени по абецеден редослед, а наместа по преводот следи кус коментар
со појаснувања на значењето, потеклото и(ли) на контекстот во кој изразот бил
употребен.

Светлана Кочовска-Стевовиќ е класичарка, книжевна преведувачка и професорка по
латински јазик на Филозофскиот факултет во Скопје. Авторка е на една монографија
за писмата на Кикерон (Епистоларниот дискурс на Марк Тулиј Кикерон, Профундум,
2014) и на повеќе преводи од латински и(ли) старогрчки јазик на дела од Кикерон (За
должностите, Магор, 2005; Избрани писма, Три, 2014; Втора филипика, Или-или,
2022), Хигин (Митови, Три, 2016), Јустин (Филипова историја, Полица, 2020), Лукијан
од Самосата (Вистинска приказна, Или-или, 2020) и Сенека (Медеја, Или-или, 2021).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни