Унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи е добитник на Нобеловата награда за книжевност за 2025 година, соопшти Шведската кралска академија на прес-конференција во Стокхолм. Тој е 121-ви лауреат на ова најпрестижно светско книжевно признание.
Краснахоркаи е познат по своето експериментално и филозофско пишување, како и по романите како „Сатананго“ и „Вархамер Хармонијите“, кои го утврдија неговото место во современата европска литература.
Нобеловата награда за книжевност првпат е доделена во 1901 година, а првиот добитник бил Французинот Сули Придом. До денес, наградата ја имаат добиено 121 писател – 103 мажи и само 18 жени. Најмладиот лауреат бил Џозеф Радјард Киплинг (41 година), а најстарата добитничка била Дорис Лесинг (88 години).
Франција има најмногу лауреати – 16, следена од Германија со 14, додека најмногу наградени пишуваат на англиски јазик (вкупно 29). Во историјата само двајца писатели ја одбиле наградата – Борис Пастернак (1958) и Жан-Пол Сартр (1964).
Минатогодишната добитничка беше јужнокорејската авторка Хан Канг, додека во 2023 година лауреат беше Норвежанецот Јун Фосе. Наградата вклучува златен медал и паричен износ од 11 милиони шведски круни, што изнесува нешто над еден милион долари.