Ласко Џуровски со нов фонт инспириран од Блаже Конески во новата година

Ласко Џуровски сподели нов фонт – Блаже, инспириран од ракописот на Блаже Конески. Тој ја објави Везилка напишана со овој фонт и тоа во форма на отисок од прст како симбол на македонскиот идентитет.

Таа претставува симбол на постоењето на нашиот единствен, уникатен македонски јазик напишан со нашата единствена, уникатна македонска кирилица. Нека ова биде година која ќе роди дела со кои ќе се гордееме, вели тој на крајот од статусот.

Претходно во 2021 година тој го објави фонтот Рацин, а исто така за Биби и Боби има подготвено два кирилични фонта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни