Тензиите поради Лариџани предизвикаа нови напади бурни напади од Иран

Контрадикторни информации за судбината на еден од највлијателните ирански функционери, додека конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во нова фаза на ескалација.

Блискиот Исток повторно се соочува со сериозна ескалација, откако Израел и Иран разменија нови напади, а во центарот на вниманието се најде и судбината на Али Лариџани.

Израелската армија соопшти дека Лариџани е убиен во напад, опишувајќи го како една од клучните фигури во иранското раководство и лице кое, според нив, имало водечка улога во воените активности против Израел.

Сепак, Иран засега не ја потврдува оваа информација. Напротив, државните медиуми објавија рачно напишана порака за која тврдат дека потекнува токму од Лариџани, а која се појави и на неговите профили на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, израелските сили започнаа нов бран масовни напади врз цели во Техеран. Според соопштението, станува збор за операции насочени кон воена инфраструктура, при што експлозии се пријавени во повеќе делови од главниот град, но и во други градови.

Како одговор, Иран тврди дека извршил напади врз израелски цели, вклучително и центри за сајбер технологија и објекти за производство на оружје. Според иранските извори, нападите биле изведени со дронови врз стратешки локации.

Овие настани дополнително ги зголемуваат тензиите во регионот, кој веќе е на работ на поширок конфликт, со сè почести директни воени судири меѓу двете земји.

Ситуацијата останува нејасна, особено околу тоа дали Лариџани е навистина убиен, додека двете страни продолжуваат со меѓусебни напади и силна реторика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни