Лансирана е дигиталната база на податоци „Мониторинг на македонското модернистичко наследство“

Проектот се фокусира на најраниот период од развојот на македонската модернистичка архитектура од 1920 до 1945 год. Оваа временска рамка ги опфаќа првите модернистички архитектонски творби во Македонија и претставува важна основа за понатамошно истражување и разбирање на архитектонските текови во XX век

Во периодот 2024–2025 година, Македонскиот Национален комитет на ИКОМОС, во партнерство со МАРХ – Македонска архитектура, го спроведе проектот „Мониторинг на македонското модернистичко наследство“.

Експертски тимови на МНК ИКОМОС и МАРХ извршиле мапирање, валоризација и анализа на состојбата на 106 објекти кои се дел од македонското модернистичко градителско наследство со висока културна и историска вредност низ целата земја.

Проектот се фокусира на најраниот период од развојот на македонската модернистичка архитектура од 1920 до 1945 год. Оваа временска рамка ги опфаќа првите модернистички архитектонски творби во Македонија и претставува важна основа за понатамошно истражување и разбирање на архитектонските текови во XX век.

Сите податоци се систематизирани и документирани во дигитална база на податоци која сега е достапна за јавноста на официјалниот веб-сајт: https://mmmn.icomos.org.mk/

„Пребарувањето низ веб-сајтот е едноставно и интуитивно, со можност за пристап до информациите преку неколку различни веб-страници, достапни преку лентата за навигација. Од Почетна се пристапува до веб-страницата Објекти, каде што може да се пребаруваат документираните модернистички објекти со примена на филтри според архитект, град, типологија и година. Веб-страницата Мапа овозможува преглед и избор на објекти според нивната географска локација, додека Архитекти нуди кратки биографии на архитектите чии дела се вклучени во базата,“ велат оттаму.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Фондацијата ALIPH, како придружен партнер на European Heritage Hub – пилот проект предводен од Europa Nostra и ко-финансиран од Европската Унија. Оваа иницијатива е дел од поширока програма за заштита и дигитализација на културното наследство во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни