Ландо Норис го изневери Мекларен?

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, верува дека го изневерил својот тим со својот настап Големата награда на Катар.

-Искрено, дури и не знам што згрешив. Очигледно не намалив под жолтите знамиња. Јас не сум идиот и да знаев дека има жолти знамиња ќе си ја тргнав ногата од гас. Но секако тоа беше пропуштена шанса. Сепак, се уште имам големи надежи за шампионатот во конструктори. Тимот ми подари одличен болид, за што сум многу благодарен. Разочаран сум што настапив лошо и не ги освоив бодовите што ги заслужи тимот. Тимот врши одлична работа, но јас ги изневерив, изјави Норис за „Скај спортс“.

Британскиот возач беше во борба за победа во поголемиот дел од трката, но беше казнет десет секунди на крајот затоа што не намали кога знамињата беа жолти.

Тој заврши десетти, забележувајќи го најбрзиот круг и на крајот освои само два бода.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни