Лами: Велика Британија е подготвена да го брани својот персонал и средства на Блискиот Исток

Велика Британија е подготвена да го брани својот персонал и средства на Блискиот Исток, како и оние на своите сојузници, откако претходно овој месец премести опрема во регионот како мерка на претпазливост, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Во обраќањето пред парламентот, Лами рече дека Велика Британија не е вклучена во нападите на САД врз Иран, исто како што не е вклучена во операциите на Израел против Техеран.

Тој го повтори ставот на британската влада дека Иран „никогаш не може да има нуклеарно оружје“, наведувајќи дека САД презеле мерки за ублажување на таа закана. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни