Laibach по 12 години со нов албум

Словенечката авангардна група Laibach по 12 години издава нов албум MUSICK, со синглот Allgorhythm и најавена европска турнеја.

Словенечката авангардна рок-група Laibach по 12 години повторно се враќа со нов албум насловен “MUSICK”. Објавата на видеоспотот за песната “Allgorhythm” го најавува излегувањето на албумот и придружувачката европска турнеја.

Новата издание ќе излезе на 1 мај преку британската издавачка куќа Mute, што ќе биде прв целосен албум со оригинален материјал по “Spectre” од 2014 година. Албумот истовремено слави и критикува современата ера на вештачката интелигенција и дигиталното пренаситување преку призма на поп музиката.

Синглот “Allgorhythm” е создаден во соработка со ганската пејачка Wiyaala и продуцентот Richard X. Песната ги споредува манипулативните алгоритми со природата на самата музика и првично беше замислена за можен настап на Евровизија, пред Словенија да се повлече од натпреварот.

При создавањето на албумот, групата користела аналогни синтезатори и звучни апликации. Покрај редовните соработници, на албумот учествуваат и SenidahMarina MårtenssonManca Trampuš и Gregor Strasbergar. Иако албумот истражува жанрови како K-pop и Eurodance, членовите на Laibach нагласуваат дека нивната главна референтна точка останува самиот Laibach.

Европската турнеја започнува на 18 мај во Грац, Австрија, додека домашната промоција на албумот ќе се одржи на два концерта во Кино Шишка, Љубљана, на 25 и 26 септември. Пред тоа, групата ќе настапи и на Festival Lent на 27 јули и на Kolpa Music Festival на 24 јули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни