Од запад и југозапад се проширува бран врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе зафатат сè поголем дел од земјата.
Во Повардарието дува слаб до умерен југоисточен ветер, додека во западните делови ветерот е претежно источен до североисточен.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринава до 8 часот се измерени најниските температури и количеството на наврнат дожд во последните 24 часа на повеќе мерни станици низ државата.
Во следните часови се очекува врнежите постепено да се интензивираат, особено во западните и јужните предели, а кон вечерните часови дожд ќе има и во останатите делови на земјата.