Ладно утро и мраз во Македонија, измерени и -10°C

Во сите региони се присутни минусни температури и појава на мраз, па се препорачува зголемена внимателност, особено во раните утрински часови при движење по коловозите и тротоарите.

Утрово Македонија се разбуди во вистинска зимска бајка, но и со екстремно ниски температури. Времето е многу ладно и ведро, со мала до умерена локална облачност. Во поголемиот дел од земјата е претежно тивко, без изразен ветер, што дополнително придонесува студот силно да се чувствува.

Најстудено утрово е во Берово, каде што се измерени -10 степени Целзиусови. Во Скопје – Петровец температурата се спушти до -8°C, додека на Скопје – Зајчев Рид се измерени -6°C.

Во сите региони се присутни минусни температури и појава на мраз, па се препорачува зголемена внимателност, особено во раните утрински часови при движење по коловозите и тротоарите.

На метеоролошката карта јасно се забележуваат ниските температури низ целата земја, што укажува дека студениот бран и понатаму е присутен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни