Ладен снежен бран пристигна во Македонија

Денес снежната граница ќе се спушти и на помала надморска височина, односно под 1000 метри, па така повремен снег ќе има  и во дел од повисоките градови особено во северните предели од нашата земја.

Под влијание на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток се спушта кон нашата Република Македонија, односно истата се спушта од Русија, денес поради понатамошно нејзино спушање ќе биде уште поладно од вчера  и максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе биде најизразен во Повардарието каде локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час, предупредува Метеоаларм.

Денес снежната граница ќе се спушти и на помала надморска височина, односно под 1000 метри, па така повремен снег ќе има  и во дел од повисоките градови особено во северните предели од нашата земја.

И во Скопскиот регион ќе има повремен дожд а на околните планини и повисоки места ќе провејува повремен снег проследен со засилен ветер од северен правец. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 7 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни