Територијата на Македонија полека потпаѓа под влијание на студената воздушна маса која се спушта од север, токму поради ова, претпладнево на повеќе места има повеќе облачност, а дува и повремено засилен ветер од северен правец.
Најниска температура до 10 часот од градовите е измерена во Крушево, и тоа само 6 степени, додека најтопло во исто време беше во Гевгелија со измерени 18 степени.
Особено студено е на планините, па така во Маврово температурата претпладнево изнесуваше 5 степени, а на Попова Шапка само 2 степени.