Ладен бран од север ја зафаќа Македонија и носи значителна промена на времето во наредните денови. До петок претпладне, времето ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи, дожд во пониските делови, а снег на повисоките места и планините.
Поради продорот на студена воздушна маса, снежната граница ќе се спушта и под 1000 метри надморска височина, што значи дека во некои повисоки населени места можно е да има мешани врнежи – дожд и снег или влажен снег.
Во Скопје и околината се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има услови за провејување на снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец, кој повремено ќе засилува, а во петок ќе се пренасочи од север.
Температурите ќе бидат во опаѓање – утринските ќе се движат од -3 до 6 степени, додека дневните ќе достигнуваат меѓу 7 и 15 степени. Во Скопје, утринската температура ќе се спушта до околу 5 степени, а дневната ќе достигне 13 до 14 степени.