Ладен бран ја зафаќа Македонија: Снег најавен за 21 јануари

Под влијание на нов влажен бран од Медитеранот, нови врнежи – овојпат претежно од снег – се очекуваат во среда, 21 јануари.

Македонија во наредните денови ќе биде под влијание на изразен ладен воздушен бран кој ќе продре од исток и североисток на Европскиот континент. Оваа состојба ќе донесе значително заладување, со појава на утрински минусни температури и мразеви во повеќето делови од земјата.

За време на викендот се очекува зголемена облачност, со појава на слаби и локални врнежи. Во пониските места и градовите врнежите ќе бидат мешани – од дожд и снег, додека на повисоките населени места и на планините ќе врне исклучиво снег. Сепак, поради слабиот и локален карактер на врнежите, не се очекува формирање на позначителна снежна покривка.

Времето за Богојавление – Водици (19 јануари)

На празникот Богојавление – Водици, во понеделник, 19 јануари, постојат услови за слабо провејување на снег, претежно во јужните предели од Македонија. Утринските температури ќе се спуштаат во интервал од -10 до 0 степени, додека дневните ќе се движат меѓу -2 и 6 степени.

Во Скопје и околината, утринската температура ќе се спушти до околу -4 степени, а во текот на денот ќе достигне 3 до 4 степени.

Во целиот овој период ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец, што дополнително ќе го засили чувството на студ.

Под влијание на нов влажен бран од Медитеранот, нови врнежи – овојпат претежно од снег – се очекуваат во среда, 21 јануари. За овој систем ќе следи подетална и, по потреба, обновена метеоролошка анализа во наредните метео објави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни