Лабубу е секаде околу нас: Стигнаа и торби со мотиви на омилениот лик

Од модната елита до децата на вашите колеги, сите се воодушевени од шармантното суштество Лабубу, кое од обичен привезок за торба се претвори во глобален феномен.

Лабубу е насекаде – на улиците, во галериите на уличната мода, на социјалните мрежи, па дури и на спортските терени и музичките турнеи. Овој необичен лик се појави покрај Наоми Осака на US Open и го следеше поп-ѕвездата Лиса на нејзините настапи.

Денес, Лабубу не е само украс, туку и дел од луксузни модни колекции. Уметникот Касинг Лунг, творецот на Лабубу, се здружи со францускиот моден бренд Моjнат и лансираше специјална капсулна колекција.

Колекцијата вклучува Лабубу и неговите „браќа“ Зимомо и Кинг Моно, кои го красат црните платнени торби и мини куфери со препознатливиот моjнат монограм. Мотивите се присутни и на кожни торбички, футроли за пасоши и привезоци. Особено атрактивни се шарените кожни привезоци со Лабубу и отпечатокот на моjнат монограмот по телото.

Ова партнерство е прва соработка на Лунговиот универзум „The Monsters“ со западен луксузен бренд. Претходно соработувал со шангајскиот бренд Pronounce и компанијата PopMart, но обожавателите долго ја очекуваа неговата интеграција во високата мода.

„Моите фанови ми испраќаат пораки секојдневно“, вели Лунг. „Најчесто прашање е кога ќе работиме со некој луксузен бренд.“

Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на 11 октомври преку поп-ап во Шангај, а потоа следи светска турнеја: 21 октомври во Париз за Art Basel, во ноември во Тајпеј и во декември во Хонг Конг. Дојдот во САД е планиран за почетокот на 2026 година.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни