Лабрадорот кој лови јастози ги освои социјалните мрежи

Алекс Шулце, основачот на меѓународната компанија за чистење океани „4ocean“, на својот Инстаграм профил сподели видео од својот лабрадор, кој го научил на неверојатна вештина. Во краткото видео, може да се види како лабрадорот скока во водата и се нурнува по јастогот, кој потоа го фаќа и му го носи на сопственикот.

Видеото има над милион лајкови на Инстаграм и бројни коментари. Дел од нив се: „Дали вашето куче има дозвола за риболов?“, „Моето куче не сака ни да си го намокри крзното“, „Треба да го научам моето куче на овој трик “.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни