Лабина Митевска ја доби наградата за меѓународна копродукција на Евимаж 2024, која ја слави нејзиниот исклучителен придонес за копродукцијата и влијателните сојузи што ги изградала низ годините.
Лабина Митевска е позната македонска актерка, продуцент и копродуцент, која има значајна улога и влијание во македонската и меѓународната филмска индустрија. Родена е на 24 јануари 1975 година во Скопје, Македонија. Таа се прослави со своите улоги во бројни македонски и странски филмови и е позната по својот талент и емоционална длабочина во играњето. Митевска е исто така позната по својот ангажман како продуцент и копродуцент, играјќи важна улога во развојот на филмската индустрија во Македонија.
Во текот на својата кариера, таа се залага за меѓународни копродукции и соработки, што ја направило значајна фигура во европската и светската филмска сцена.
Дел е од филмската продукциска компанија “Family Screen”, која работи на проекти кои често се фокусираат на европските и меѓународни филмски пазари.

Наградата за меѓународна копродукција од Евимаж 2024 е признание за нејзината долгорочна посветеност на оваа индустрија.
Во својот емотивен говор на доделувањето на наградите таа кажа
„Пред 25 години кога ја основавме нашата филмска компанија, во еден долг период, јас бев единствената жена продуцент, а мојата сестра единствена жена режисер во нашата мала но убава земја Македонија. Ни беа потребни години и години да се докажаме себеси во едно балканско мачо оштество. Бевме жени и сакавме промени. Сакавме да докажеме дека филмот не е ексклузивен и не е само на мажите. Како филмски професионалци сакавме да имаме што повеќе европски копродукции, со се повеќе вклучени жени, но пред сe сакавме да правиме филм без никакви компромиси. Не беше лесно. И се уште не е. Но ние веруваме дека филмот може да го промени светот и да даде нова перспектива. За жал светот денес станува се потажно место. Светот во кој живееме е пол со војни, насилство, неправди, нетолеранција. Светот во кој живееме е полн со неодговорни политичари кои создаваат бегалци и миграции. Во светот во кој живееме, сведоци сме на национализам, расизам и алчен капитализам. Светот во кој живееме е полн со репресивен режим каде луѓето не можат да зборуваат и да создаваат слободно. И еве не нас тука. Сите ние кои создаваме филм, раскажуваме приказни… Светот никогаш немало поголема потреба од нас, раскажувачите кои имаат храброст да ги раскажат приказните. Затоа вечерва јас ќе го славам тој филм, но и мојот татко кој почина пред два месеци и кој ме научи да бидат страсна токму за овој тип на филм. Горда сум што сум дел од ова евопско филмско семејство.„