Нова креативна заедница во склоп на центарот „Лабараториум“

Лаб Дизајн Маркет – платформа за соработка помеѓу дизајнерите и занаетчиите

„Лаб Дизајн Маркет“ е заедница на македонски дизајнери и занаетчии, која функционира во склоп на центарот „Лабараториум“. Се работи за систем кој што ги спојува дизајнерите и занаетчиите, односно изработувачите и оние кои што го конципираат моделот и дизајнот. Проектот што треба да донесе позитивна промена во дизајнерската и модната сцена, како и сцената со моден накит, додатоци и секој вид на производ кој што е одржлив, еколошки и етички направен, беше отворен минатата недела во „Лабораториум“. Седумнесет  дизајнери учествуваа на изложбениот салон.

– Идеата зад Лаб Дизајн Маркет е да им се даде најдобрата можна поддршка на дизајнерите и на занаетчиите од Македонија, а тоа е продажбата. Така што ова функционира како изложбен салон и продажен салон, но исто така истовремено функционира и како заедница, односно платформа за развивање на секаков вид на соработка меѓу дизајнерите и занаетчиите од Македонија. Сите тие соработки меѓу занаетчиите и дизајнерите, оние кои што конципираат и оние кои што изработуваат е многу важна и се надеваме дека со овој проект дека ќе се случи прогрес во целата таа дизајнерска сцена, не само модна туку и било каков вид на производ – вели Драган Христов, куратор на Лаб Дизајн Маркет

Овој Маркет има потенцијал да донесе прогрес на целокупната дизајнерска сцена во земјава. Засега се одржува со поддршка и со помош и присуство само на локални односно македонски занаетчии. А планот е понатаму да се отвори и кон интернационалната сцена.

Една од дизанерките која  беше дел од Лаб Дизајн Маркет е Марта Пејовска, извонредна млада дизајнерка која внесува нова свежина и димензија во филигранот внесувајќи  ја оваа традиционална техника на изработка на накит во едно ново модерна време.

– Матичната техника која што јас ја работам веќе многу долги години, скоро 20 е филигранската техника и со тоа зачувувам дел од македонското културно наследство. Техниката и накитот се заштитени, меѓутоа јас како архитект односно како млад човек и уметник сепак сакам да си го најдам својот сопствен израз и преку мојот накит и преку неговото осовременување да речам на филигранот го направив оној мост на она што е традиционално и условно речено старо со денешното и со модерното време. Така што филигранот живее  и денеска благодарение на мене и на голем број мои колеги кои што го работат истото како мене- вели Марта.

Кога оди на вакви и слични настани надвор од земјава, она што за странците е интересно е токму нејзината работа на филигранскиот накит. Се уште постои мислење дека филигранот не е толку современ и дека е некоја форма на традиционален накит.

-Ние дизајнерите и изработувачите на накит од овие простори се трудиме тоа да го побиеме преку современиот дизајн. Отварањето на Лаб дизајн маркет е многуважен настан за нас прво како дизајнери и занаетчии меѓутоа исто така и за публиката. Претходно имало во зародиш некои други настани кои му претходеа на овој претходните години, меѓутоа мислам дека на сите нас дизајнери и занаетчии кои работме надвор од Скопје, ни требаше едно вакво место  кое ќе не собере сите заедно и каде јас ќе имам мои изложбен па и продажен простор затоа што не сите луѓе можат да дојдат до Охрид. Така и мојата приказна од Охрид се раскажува и овде.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни