„Лаб дизајн маркет“ слави прв роденден

„Лаб дизајн маркет“ во соработка со платформата „BIG SEE Македонија“ организира еднодневен настан „BIG SEE Showcase”

Во сабота на 1 март од 12:00 до 18:00 часот во Лабораториум, по повод првиот роденден, „Лаб дизајн маркет“ во соработка со платформата „BIG SEE Македонија“ организира еднодневен настан „BIG SEE Showcase” – претставување на добитниците на BIG SEE наградата во категоријата мода и дизајн на производ од Македонија, во периодот од 2018 до 2025 година.

Настанот е составен од два дела и во првиот дел посетителите ќе може да ги проследат презентациите на добитниците и да ја погледнат изложбата „From Concept to Award – BIG SEE Design Stories“, а во вториот дел заеднички ќе го прослават првиот роденден на шоурумот Лаб дизајн маркет, со музика и пијалаци во опуштена роденденска атмосфера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни