Ноа Лајлс е најбрзиот маж во светот, а до таа титула дојде на најневеројатен начин во трката на 100 метри на Летните олимписки игри во Париз.
Актуелниот светски шампион успеа да стигне до линијата за 9,784 секунди, само 5 илјадитинки пред Кишејн Томпсон од Јамајка кој истрча за време од 9,789 со што го освои златниот медал. Фред Керли од САД ја зеде бронзата со време од 9,81.
A PHOTO FINISH AND NOAH LYLES TAKES IT. 🔥 #ParisOlympics pic.twitter.com/QXb8Qy6tph
— NBC Olympics & Paralympics (@NBCOlympics) August 4, 2024
„Отидов до Кишејн и му реков ‘Да бидам искрен, мислев дека ти беше прв’“ изјави Лајлс по трката и додаде дека кога го видел неговото име бил изненаден и горд.
Лајлс влезе во трката како актуелен светски шампион на 100 и 200 метри, но не беше во најдобра форма оваа година. Томпсон истрча 9,77 на квалификациите, што е 0,04 побрзо од било кое време на Лајлс.
Разочараниот Томпсон изјави дека не е толку разочаран што не го освоил златото, колку што е разочаран што не успеал да го подобри својот резултат.
„Денес добив многу важно исксутво трчајќи покрај овие одлични наптреварувачи. Но криво ми е што не си верував доволно себе си и на мојата брзина за да завршам прв“ изјави Томпсон.