Лајен наградена со „Карло Велики“ за придонес на европското единство

На претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска и беше врачена Меѓународната награда „Карло Велики“ за придонес на европското единство.

За време на церемонијата на доделување, што се одржа во Ахен, Германија, шпанскиот крал Фелипе Шести ја нарече Лајен „олицетворение на европскиот дух“.

Лајен годишната награда „Карло Велики“ ја доби во момент кога Европска Унија се соочува со војната во Украина, трговската војна на со САД и други безбедносни прашања во Европа.

Наградата „Карло Велики“ (германски: Karlspreis) е една од најпрестижните европски награди, која се доделува на лица кои го промовираат европското единство. Наградата се доделува од 1950 година, а трошоците за наградата ги сноси градот Ахен.

Помеѓу добитниците на наградата Карло Велики се поранешната канцеларка Ангела Меркел, поранешниот британски премиер Тони Блер, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, папата Франциск. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни