ЛАЈБАХ вечерва за прв пат ќе настапи во Филхармонија!

Глобално најпровокативниот музички состав и уметнички колектив со авангардна музика и револуционерни настапи, ЛАЈБАХ вечерва се враќа во Скопје и за прв пат ќе одржи концерт во македонската Филхармонија!

Со почеток во 20:00 часот, во големата сала на Филхармонија, Лајбах во живо ќе ја претстави својата нова концертна програма базирана на култниот албум „Opus Dei, првиот ремастериран албум на групата. Покрај овој материјал, програмата вклучува и селекција од нивните класици и одбрани песни од богатиот опус, вклучувајќи ги и објавените пред „Opus Dei“.

Концертот се одржува во рамки на офф-програмата на фестивалот „Таксират“ и е дел од светската турнеја на Лајбах – OPUS DEI REVISITED. Оригинално, Opus Dei е објавен во 1987 година како прв албум на групата за издавачката куќа „Mute“, миксиран од Рико Конинг (Wire, Pere Ubu, Swans, William Orbit) и е албум со кој Лајбах се појави под светлото на мејнстрим рефлекторите, албум со кој стекна слава и стана еден од меѓународно најпризнатите бендови кои се појавиле од поранешните комунистички земји во источна и централна Европа. Со своето дело ЛАЈБАХ успеа да го трансформира пејзажот на современата музика комбинирајќи го политичкиот дискурс со уметноста и музиката, додека пак нивните настапи во живо важат за уникатно доживување и секогаш прецизни, монументални, восхитувачи и бескомпромисни перформанси!

Последните останати влезници за концертот на Лајбах во Филхармонија се достапни онлајн и во продажните места на МкТикетс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни