Квотата за вработување во Германија по Западнобалкнската регулатива е исполнета

Посебната Западнобалканска регулатива се однесува на работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија

Квотата за издавање германски работни дозволи врз основа на посебните, преференцијални прописи за Западен Балкан за 2025 година е пополнета и нема да бидат одобрени нови апликации до крајот на годината.

Според постапката усвоена во јуни 2024 година, германските работодавци бараат претходно одобрение од агенцијата за вработување, а работниците од Западен Балкан со кои склучиле договор за вработување потоа ги добиваат потребните документи со тој договор и дозвола преку забрзана постапка во конзуларните канцеларии.

Во јуни 2024 година, годишната квота за вакви работни дозволи беше зголемена на 50.000.

Германската агенција за вработување ги информираше работодавачите дека сите 50.000 работни дозволи се издадени до почетокот на декември и дека сите идни барања за оваа година ќе бидат одбиени.

Тие одбиени барања нема автоматски да се пренесат во следната година, туку работодавците ќе мора да поднесат ново барање, но тоа ново барање, за следната година, можат да го поднесат веќе во декември.

Посебната Западнобалканска регулатива се однесува на работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.

Меѓутоа, владејачката германска коалиција на демохристијаните (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) во коалицискиот договор се договори да го преполови бројот од 50.000 бенефицирани барања за работници од Западен Балкан, што главно наиде на критики од здруженијата на работодавци.

Особено на таков план се спротивстави Германското здружение на хотелиери и угостители (DEHOGA), кое соопшти дека на угостителството сè уште му се потребни мотивирани работници и дека бројот на работни дозволи според Западнобалканската регулатива дури треба да се зголеми и да се прошири и на други земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни