Квинтата и ЕУ загрижени поради исклучување на немнозинските заедници пред локалните избори во Косово

Амбасадите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД, заедно со Канцеларијата на ЕУ во Приштина, денеска изразија загриженост поради обидите на политичките актери да ја ограничат конкуренцијата помеѓу политичките партии, што ги претставуваат немнозинските заедници, пред претстојните локални избори на 12 октомври.

Секој таков чин на исклучување на одредени заедници ги поткопува демократските принципи и ја поткопува довербата во институциите на Косово, се наведува во заедничката изјава на Квинта и ЕУ.

Додека во соопштението објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД се посочува косовската Влада и сите политички партии да се воздржат од понатамошни потези што би можеле да го попречат регистрирањето на партиите.

Сите процедури мора да се спроведуваат строго во согласност со правилата и мандатот на Централната изборна комисија. Во исто време, ги охрабруваме засегнатите страни целосно да ги искористат можностите на Изборната комисија за жалби и претставки за да побараат правна заштита, наведува Амбасадата на САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни