Секој таков чин на исклучување на одредени заедници ги поткопува демократските принципи и ја поткопува довербата во институциите на Косово, се наведува во заедничката изјава на Квинта и ЕУ.
Додека во соопштението објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД се посочува косовската Влада и сите политички партии да се воздржат од понатамошни потези што би можеле да го попречат регистрирањето на партиите.
Сите процедури мора да се спроведуваат строго во согласност со правилата и мандатот на Централната изборна комисија. Во исто време, ги охрабруваме засегнатите страни целосно да ги искористат можностите на Изборната комисија за жалби и претставки за да побараат правна заштита, наведува Амбасадата на САД.