Квентин Тарантино сака да му го даде на Брус Вилис неговото последно појавување на филм, откако претходно оваа година беше потврдено дека на актерот од „Die Hard“ му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, невообичаена форма на болеста што „предизвикува проблеми со однесувањето и јазикот“.
Ваквата дијагноза доаѓа откако на актерот претходно му беше дијагностицирана афазија, поради што актерот мораше да се повлече од својата професија.
Меѓутоа, како што пишува Дејли Експрес Тарантино, кој го подготвува неговиот следен филм „The Movie Critic“, би сакал Вилис да има мала улога во филмот. Тие двајца претходно работеа заедно на „Pulp Fiction“.
Иако тој, наводно, не му се обратил на семејството на актерот, тој планира да ги почитува нивните желби ако тие кажат дека Вилис не е премногу добро за да учествува и наместо тоа, во филмот може да вметне клип од еден од претходните филмови на актерот.
Тарантино откри дека приказната „The Movie Critic“ ќе се врти околу новинарка, а дејството ќе биде сместено во Јужна Калифорнија во 1977 година. Главниот лик е заснован на реален филмски критичар за порнографско списание, кое режисерот го читал кога растел.
Извор: NME