Куќата се наоѓа во Албакерки, Ново Мексико, а изградена е во 1910 година. Се состои од четири спални соби и една бања. Има гаража и базен.
Иако се продава за дури четири милиони долари, агенцијата за недвижности Zillow смета дека реалната пазарна вредност на куќата во предградието е значително помала, проценувајќи ја на 343.100 долари.
Поради својата популарност, куќата не само што достигна висока цена, туку е и мамка за обожавателите. Откако серијата го заврши снимањето на својата последна сезона во 2013 година, фановите сè уште се собираат и се фотографираат пред куќата.
Сегашната сопственичка, Џоан Кинтана, изјавила дека нејзините родители ја купиле куќата во 70-тите години. Кога тие се согласија да ја дадат нивната куќа во серијата, а популарноста на Breaking Bad се зголеми, им беше се потешко да го заштитат својот дом. Ставиле метална ограда и безбедносни камери за да бидат што побезбедни.
Бидејќи нејзините родители повеќе не се таму, таа решила да ја продаде куќата. „Ова е нашиот семеен дом од 1973 година. Го оставаме со спомени. Време е да продолжиме понатаму. Нема причина повеќе да се караме“, рече таа.
Во 2006 година, филмски извидник ѝ пристапил на мајката на Квинтана за снимање на пилот епизода во куќата. За неколку месеци беше поставена опремата и започнало снимањето. Семејството се запознало со Кренстон и другите ѕвезди и гледале што се случува зад сцената. Мајката на Квинтана секогаш имала колачиња за актерската екипа.
Откако се емитуваше епизодата во која Волтер Вајт фрли пица на покривот на куќата, сопствениците мака мачеле со фановите кои се обидуваат да го направат истото.